Сараќини: Македонија и Унгарија да ја продлабочат економската соработка

Bez autora
Feb 20 2013

Република Македонија и Унгарија имаат одлични политички и пријателски односи и сметаме дека тоа треба да се рефлектира и на економската соработка. Ова го истакна министерот за економија Ваљон Сараќини на заедничката прес-конференција со Петер Сијарто, државен министер за надворешна политика и надворешна трговија во Кабинетот на премиерот Орбан, по завршување на пленарната седница на Мешовитата комисија и потпишувањето на Договорот за соработка во областа на туризмот и Меморандумот за соработка меѓу стопанските комори на Македонија и на Унгарија. Потпишувањето на договорите беше во рамките на Првата седница на Мешовитиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија, кој го сочинуваат претставници од сите клучни институции кои имаат ингеренции во различни сфери од економијата на двете земји.

Сараќини: Македонија и Унгарија да ја продлабочат економската соработкаРепублика Македонија и Унгарија имаат одлични политички и пријателски односи и сметаме дека тоа треба да се рефлектира и на економската соработка.

Ова го истакна министерот за економија Ваљон Сараќини на заедничката прес-конференција со Петер Сијарто, државен министер за надворешна политика и надворешна трговија во Кабинетот на премиерот Орбан, по завршување на пленарната седница на Мешовитата комисија и потпишувањето на Договорот за соработка во областа на туризмот и Меморандумот за соработка меѓу стопанските комори на Македонија и на Унгарија.

Потпишувањето на договорите беше во рамките на Првата седница на Мешовитиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија, кој го сочинуваат претставници од сите клучни институции кои имаат ингеренции во различни сфери од економијата на двете земји.

Државниот министер Сијарто нагласи дека Унгарија е отворена за соработка со сите земји. „Најважна цел на унгарската надворешна политика е да се одржат нивото на трговијата и инвестициите во Западен Балкан, каде Република Македонија е нашиот најважен партнер. Помеѓу Унгарија и Македонија трговските односи динамично се развиваат, но можат да се искористат извонредните политички односи за да се продлабочи економската соработка", рече Сијарто.

Вчера доцна попладне Сараќини оствари средба и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, поздравувајќи го значајниот напредок во повеќе стручно - политички области меѓу двете земји во последниот период и изразувајќи задоволство од меѓусебниот интензивен дијалог, со кој се зацврсти атмосферата на меѓусебна доверба и конструктивна соработка, која претставува поволна основа за јакнење на деловната соработка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik